Детали што веројатно не сте ги знаеле за снимањето на филмот „Титаник“
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Поминаа речиси 30 години од премиерата на филмот „Титаник“, а сцената што останува особено импресивна е моментот кога водата се пробива низ ходниците на долните палуби на бродот.
Иако често се чини дека е снимена во вистински амбиент, сцената е резултат на креативна употреба на минијатурни модели, а не на вистински локации.
Имено, „Титаник“ се снимаше во период кога компјутерската графика не беше толку развиена како денес, па филмските режисери мораа да користат алтернативни, иновативни методи. Една од најпознатите сцени во филмот, каде што водата навлегува во ходникот на бродот, е создадена со модел-куќа за кукли.
Низ овој модел била пуштена водата, а потоа камерата брзо била провлечена низ ходникот, создавајќи импресивен ефект што ја шокира публиката.
Џин Ризарди, лидер на моделарската екипа, во документарец за снимањето на „Титаник“ откри дека создавањето на оваа сцена било исклучително забавна и креативна процедура.
- Ходникот беше забавен за работа. Дури и денес, кога покажувам слики, луѓето мислат дека станува збор за вистински ходник - вели Ризарди.
Ова видео од снимањето, кое неодамна стана вирално на социјалните мрежи, им го привлече вниманието на љубителите на филмот.
Извор:
Klix.ba
Фото: Screenshot/YouTube