Нов месечен припејд-пакет со 50 ГБ преку Мојот А1
A1 Македонија ја збогатува припејд-понудата и воведува нова атрактивна можност за корисниците на мобилната припејд-телефонија достапна преку апликацијата Мојот А1, со која добиваат можност за супер забава, многу гигабајти и уште поголема можност за споделување возбудливи доживувања.
Со новиот месечен припејд 50 ГБ пакет, за само 399 денари корисниците добиваат 50 ГБ мобилен интернет за опуштено сурфање цел месец.
- Во денешното динамично време, да се биде поврзан не е само неопходност, туку и начин да се сподели радост, да се создаваат сеќавања и да се истражуваат нови можности. Со новиот месечен пакет за интернет наменет за припејд-корисниците, им нудиме слобода да истражуваат на интернет, да стримаат и да споделуваат безгрижно, особено за време на празниците -
изјави Елена Панова, директорка на маркетинг и дигитална трансформација.
Пакетот 50 ГБ корисниците можат да го добијат преку апликацијата Мојот А1 во делот за Понуда за Вас. По активацијата, пакетот може да се користи откако корисникот ќе добие СМС-порака дека пакетот е активиран.
По истекот на валидноста, активираниот пакет автоматски се обновува по цена од 399 ден./месечно, доколку корисникот има доволно кредит на припејд-сметката.
Повеќе информации можете да најдете на
www.a1.mk или со јавување во Контакт-центар на 077 1234.
(Комерцијална објава)