Нова импресивна мини-серија за „Титаник“ ги пренесува искуствата на патниците

Нова импресивна мини-серија за „Титаник“ ги пренесува искуствата на патниците

Подготвил: Маја Пероска

Лектор: Ивана Кузманоска

На 14 април 1912 година бродот „Титаник“ удрил во леден брег во Атлантикот за време на своето прво патување од Саутемптон до Њујорк. Иако првично се сметал за „непотонлив“, судирот пробил повеќе прегради, предизвикувајќи бродот да се поплави и да се скрши на два дела, пред да потоне во раните утрински часови на 15 април.

Со премалку чамци за спасување за сите на бродот, повеќе од 1.500 патници и членови на екипажот загинале, многумина во ледената вода од хипотермија.

Извонреден факт е тоа што околу 700 патници преживеале - а сега Би-би-си ги раскажува нивните приказни целосно засновани на писма, мемоари, интервјуа и записи од истрагата. ТВ-серијата „Титаник тоне вечерва“ ги опфаќа последните 160 минути од патувањето на бродот, од судирот со ледениот брег во 23:40 часот до тонењето на бродот во 2:20 часот наутро.

Тој настан го оживува голема екипа која ги игра улогите на вистински патници и членови на екипажот, од добро познати личности до обични луѓе чии гласови ретко се слушаат.

Продуцентката на „Титаник тоне вечерва“, Хелен Сејџ, објаснува што точно ја разликува серијата на Би-би-си од другите.


- Она што ја прави оваа серија посебна е пристапот на раскажување приказни во „реално време“ - при што секоја минута помината на екранот во голема мера претставува минута на бродот - од ударот во ледениот брег до потонувањето. Ова, во комбинација со вистинските зборови на преживеаните создава целосно импресивно искуство за нашата публика - рекла таа.

„Титаник тоне вечерва“ ќе почне да се емитува на 28 декември, на „Би-би-си ајплејер“ и „Би-би-си 2“.

Извор: unilad.com

Фото: YouTube screenshot