Секое утро е сѐ потешко - уште при облекување почнува да плаче и не сака да оди во градинка, а за неколку месеци очекуваме и ново бебе... Што да направиме?

Секое утро е сѐ потешко - уште при облекување почнува да плаче и не сака да оди во градинка, а за неколку месеци очекуваме и ново бебе... Што да направиме?

Се работи за девојче на 2 години кое оди во градинка уште од 11 месеци. Секое утро е сè потешко: уште при облекување почнува да плаче, вели дека не сака во градинка, дека сака дома да остане. Воспитувачките велат дека штом ќе влезе, брзо се смирува, си игра, весела е и активно учествува во сите активности. Кога ја земаме попладне, среќна е, зборува за дечињата, кажува со кого си играла и вели дека ги сака воспитувачките. Дома често разговараме за градинката – ги знае имињата на дечињата, сака да слуша приказна за градинката, и дури и самата вели дека „утре нема да плаче“ и дека „тато ќе ја однесе во градинка па ќе оди на работа, а мама исто“. Но секое утро ситуацијата се повторува, пробавме да оди со омилена играчка, мало изненадување или чоколадо, но на крајот плачењето при разделбата е исто. Би ве замолила за совет што би можеле уште да направиме за да ѝ помогнеме полесно да го надмине овој период? Тешко ни е и нам да ја оставаме таква, а и неа ѝ е тешко секое утро. Дополнително, за неколку месеци очекуваме и ново бебе, па се грижиме дека тоа може уште повеќе да ја приврзе за дома. Секој ваш совет би ни значел многу.

Одговорот од психологот прочитајте го на Деца.мк