Најдобрите микроскопски фотографии во 2020 покажуваат прекрасни скриени чуда

Најдобрите микроскопски фотографии во 2020 покажуваат прекрасни скриени чуда

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Науката и уметностите се сметаат за две спротивности, но понекогаш науката може да биде толку прекрасна што наликува на уметност.

Неодамна беа прогласени победничките фотографии на натпреварот за фотомикрографија на „Никон“. За најдобра фотографија е прогласена фотографијата од млада зебреста риба што била направена со комбинирање на 350 посебни фотографии.



Фотографијата била направена од тим воден од Даниел Кастранов, кој работи во лабораторија во Мериленд, САД. Научниците се надеваат дека со помош на фотографијата може да истражуваат болести на мозокот што ги напаѓаат луѓето, како Алцхајмерова болест.

Уште една фотографија од натпреварот може да биде од корист за науката. Фотографијата во продолжение ги покажува врските помеѓу невроните на новороден глушец.



Фотографијата, направена од Џејсон Кирк, се користи за истражување на начинот на кој различни протеини влијаат врз создавањето врски помеѓу мозочните клетки.

На фотографијата во продолжение, која го освоила второто место на натпреварот, се покажува растењето на ембрион на вид риба по само неколку часа од оплодувањето. Процесот на растење на ембрионот траел 9 дена.



Фотографијата што освоила трето место на натпреварот е во продолжение. На неа е фотографиран јазик од воден полжав.


На следната фотографија се гледа човечко влакно.



Оваа фотографија е од крило на пеперуга.



Во продолжение е фотографија од течни кристали во ЛЦД-екран.



Автор: Алекс Торнтон
Извор: weforum.org