Работа од соништата - гледање серии и јадење пица

Работа од соништата - гледање серии и јадење пица

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Некој среќник наскоро ќе може да заработува гледајќи серии на „Нетфликс“ и јадејќи пица.

Веб-страницата за обложување „Бонус фајндер“ бара личност што ќе гледа три серии на „Нетфликс“ и ќе ги оцени врз основа на повеќе критериуми, како сценарио, актерска изведба итн. Избраниот кандидат ќе добие 500 долари и привремен бесплатен пристап до „Нетфликс“.

Веб-страницата ќе плати и за повеќе пици кои вработениот ќе ги јаде додека ги гледа сериите, а ќе треба да ги оцени и пиците.

Веб-страницата нуди листа со серии од кои може да се одберат.

Може да се пријават сите што имаат 21 година и живеат во САД или во Канада, а пријавувањето трае до 12 февруари.

Автор: Елен Гутоски
Извор: mentalfloss.com
Фото: Pixabay