Последната снимка од Аки како пее на македонски

Последната снимка од Аки како пее на македонски

Аки Рахимовски, пејачот на групата „Парни ваљак“, кого сите го препознававме по преубавиот вокал и специфичниот изговор на р, почина пред неколку дена. Но, неговите пријатели и соработници сè уште ги упатуваат последните поздрави, па така браќата Тавитјан објавија една прекрасна снимка од песната „Ако згрешам, нека изгорам“ во изведба на Аки.

Аки оваа изведба ја посветил на Пепи Бафтировски, кој е оригиналниот изведувач на песната.

Уживајте во изведбата!

 

Насловна фотографија: Facebook