Кога навистина треба да купите нов телефон: има две клучни причини за тоа

Кога навистина треба да купите нов телефон: има две клучни причини за тоа

Подготвил: Маја Пероска

Лектор: Ивана Кузманоска

Поради недостигот на меморија и зголемувањето на цените, оваа година телефоните станаа поскапи, па корисниците сè повнимателно го избираат моментот за купување нов уред. Сепак, прашањето кога е навистина оправдано да се замени стариот телефон, сè уште мачи многумина. Од сите фактори се издвојуваат два клучни индикатори кои можат да помогнат во донесувањето правилна одлука.

Првиот индикатор се однесува на времетраењето на софтверската поддршка. Варира од производител до производител, но повеќето телефони добиваат најмалку две до три години ажурирања. Кај поскапите модели, тој период е значително подолг. На пример, „Епл“ обично нуди минимум пет години поддршка, додека „Гугл“ и „Самсунг“ нудат до седум години за одредени модели.

Софтверска поддршка и состојба на батеријата како клучни фактори

Активната софтверска поддршка е важна не само за безбедноста, туку и за компатибилноста на апликациите. Популарните апликации како „Инстаграм“ или Убер“ редовно престануваат да поддржуваат постари верзии на оперативниот систем. Кога телефонот останува со застарена верзија на софтверот, апликациите повеќе не функционираат или клучните функции се исклучени.


Друг важен индикатор е состојбата на батеријата. Просечниот век на траење на батеријата е помеѓу 500 и 1.000 циклуси на полнење, што значи околу три години активна употреба. Потоа капацитетот често паѓа под 80 проценти, што директно влијае врз автономијата на телефонот. Телефонот мора да се полни почесто, што го нарушува корисничкото искуство, а во некои случаи може да доведе до нестабилно работење или ненадејно исклучување на уредот.

Извор: benchmark.rs

Фото: Freepik