Погледнете ја еволуцијата на Париз во забрзано видео - од 300 година пр.н.е. до 2025 година

Погледнете ја еволуцијата на Париз во забрзано видео - од 300 година пр.н.е. до 2025 година

Подготвил: Маја Пероска

Лектор: Ивана Кузманоска

Денес, лесно можеме да заборавиме дека многу големи градови се наоѓаат таму каде што се поради присуството на река. Тоа важи за целиот свет - од Лондон до Буенос Аирес, од Токио до Њујорк - па дури и Лос Анџелес. Но, ниедна река не била толку романтизирана како Сена, реката која тече низ Париз. 

Во 3Д-видеото што ќе го видите подолу ќе посведочите на еволуцијата и трансформацијата, која траела речиси два и пол милениуми, на првичната мала населба Париз, и тоа во само три минути.

Париз не го добил својот облик во едноставен процес. Како што е видливо преку анимацијата на видеото, градот растел различно во секоја ера од своето постоење, без разлика дали станува збор за онаа на Парисиите - племето од кое го добива своето име, или за време на Римското Царство, кога се изградиле стандардните инфраструктури, или средниот век, кога се издигнала катедралата Нотр Дам, или пак времето на баронот Осман, чии радикални урбани реновирања уништиле големи делови од средновековниот Париз и биле заменети со широки авении, величествени станбени згради и големи споменици признати низ целиот свет денес.

 

Во последно време се случи поголем раст и трансформација надвор од центарот на Париз, зад булеварот Периферик, но тешко дека би било праведно кон историјата да се игнорираат толку релативните, поконтроверзни доградби како што се Тур Монпарнас, центарот Помпиду или пирамидата Лувр. И иако почитуваната катедрала Нотр Дам можеби стои на Ил де ла Сите уште од 14 век, темелната реконструкција што следуваше по пожарот во 2019 година, доведе до тоа градбата да спаѓа во 21 век.

Извор: openculture.com

Фото: YouTube screenshot