Десетте најбогати семејства! Имаат повеќе пари од Германија, Велика Британија и Франција заедно

Десетте најбогати семејства! Имаат повеќе пари од Германија, Велика Британија и Франција заедно

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Десетте најбогати семејства имаат шокантен групен приход од неверојатни 3,4 билиони долари, што е еднакво на цел БДП на Германија, Велика Британија и Франција.

Кои се тие?

10. Семејството Дима од Франција, во чие сопствеништво е брендот „Хермес“, има богатство вредно 49,2 милијарди долари. Првите пари за семејството ги заработил покојниот Тијери Хермес во 1837 година. Во 21 век овој бренд стана глобален моден бренд.

9. Семејството Брин од САД има богатство од 51,1 милијарда долари. Сергеј Брин е коосновач на компанијата „Гугл“. Моментално ја извршува должноста претседател во матичната компанија „Алфабет“. Богатството на Брин се дели меѓу неговите две деца. Неодамна се разведе од сопругата Ан Војчицки, која исто така е богата, а нејзиното богатство е проценето на 480 милиони долари.

8. Богатството на семејството Амбани од Индија е проценето на 52,3 милијарди долари. Дирубај Амбани бил коосновач на компанијата „Релајанс индустрис“. Неговото богатство е поделено рамномерно меѓу неговите синови, кои денес дејствуваат како мнозински акционери на компанијата.

7. Семејството Пејџ од САД има богатство проценето на 52,4 милијарди долари. Лери Пејџ е коосновач на „Гугл“, а сега е извршен директор на компанијата „Алфабет“. Неговото богатство го дели со сопругата Лусинда Сатворт и неговите две деца.

6. Семејството Алберт од Германија има богатство вредно 53,5 милијарди долари. Парите ги заработиле браќата Карл и Тео Алберт, кои се коосновачи на супермаркетот „Алди“.

5. Семејството Чакри од Тајланд има богатство од 60 милијарди долари. Семејството последните 237 години владеело со Тајланд, а населението кон нив се однесува со почит. Семејството го сочинуваат 22 монарси кои контролираат богатство од 60 милијарди долари.

semejstvo
Фото: Instagram

4. Семејството Елисон од САД има богатство вредно 61,8 милијарда долари. Лери Елисон е коосновач на глобалната корпорација „Оракл“.

3. Семејството Закерберг од САД имаат богатство проценето на 63 милијарди долари. На чело на семејството е Марк Закерберг - основач на империјата. Тој го дели своето огромно богатство со сопругата Присила Чен и двете ќерки. Неодамна Марк изјави дека ќе донира голем дел од своето богатство за добротворни цели.

2. Семејството Слим од Мексико има богатство во вредност од 64,9 милијарди долари. Ова семесјтво беше најбогато во светот помеѓу 2010 и 2013 година, а го заработило благодарение на нивната компанија „Групо Карсо“.

1. Семејството Марс од САД е на прво место како најбогато семејство во светот. Неговото богатство се проценува на 70,8 милијарди долари. Тоа е сопственик на компанијата „Марс“.

Извор: B92