Науката открива кој е најдобриот актер на сите времиња

Науката открива кој е најдобриот актер на сите времиња

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Обидот уметноста да се измери со научни методи изгледа апсурден, особено кога станува збор за филмот. Сепак, едно неодамнешно истражување се обиде да утврди кој е најдобриот актер на сите времиња, анализирајќи ги заработката на киноблагајните, признанијата од Академијата и интернет-оцените. 

На врвот на листата се нашле три имиња: Леонардо ди Каприо, Пол Њуман и Ал Пачино. Според анализата на податоците, тие ја делат титулата најдобар актер на сите времиња благодарение на комбинацијата од интернет-оцени, комерцијален успех и признанија од струката. 

Ди Каприо високо котира според интернет-оцените

Авторот на истражувањето, Даниел Парис, користел многу извори за резултатите да бидат што пообјективни. Биле земени предвид интернет-оцени од платформи како „IMDb“, „Ротен томејтос“ и „Летербоксд“, потоа заработката на киноблагајните и резултатите од доделувањето на „Оскар“, вклучувајќи победи и номинации.

Сепак, ни „Оскарите“ не се непогрешливо мерило за квалитет, што го покажуваат примери како наградата за најдобра монтажа што ја доби филмот „Боемска рапсодија“ или наградата за најдобар филм што му припадна на „Зелена книга“.

Леонардо ди Каприо високо котира според интернет-оцените, а глумел во исклучително успешни филмови како „Титаник“, „Почеток“ и „Волкот од Волстрит“. Тој има освоено еден „Оскар“ за најдобар актер, додека филмовите во кои глумел имаат добиено многу награди и номинации.

Близу до врвот биле и други големи имиња


Пол Њуман оствари впечатливи улоги во филмовите „Буч Кесиди“ и „Санденс Кид“, а го позајмил гласот во франшизата „Автомобили“.

Ал Пачино ги оживеа легендарните ликови во „Кум“, „Лице со лузна“ и „Жештина“, а освои „Оскар“ за улогата во „Мирисот на жената“ во 1993 година.

Блиску до врвот се најдоа и Ема Томпсон, Роберт Дауни Џуниор, Мерил Стрип и Марлон Брандо. Тоа можеби повеќе говори за ограничувањата на методологијата отколку за вистинската големина на актерските кариери.

Актерската вредност не може целосно да се сведе на бројки бидејќи вклучува и лична поврзаност на публиката со изведбата. 

Извор: Index.hr
Фото: Screenshot/YouTube