ПроКредит Банка лансира нова мобилна апликација: Поблиску до клиентите, побрзо од кога било
Со новата мобилна апликација ПроКредит Банка воведува едно од најнапредните дигитални банкарски решенија на македонскиот пазар, поставувајќи нов стандард за брзина, функционалност и целосна контрола на своите финансии.
Брзо и лесно управување со сите сметки
Користењето на сметките во банка сега е полесно од кога било. Нема потреба од посета на филијала или чекање на шалтер.
Новата апликација овозможува единствена можност за управување преку еден профил, нудејќи целосен увид во сите сметки – лични, деловни и сметки на кои се овластени (партнери, деца, родители).
За сопствениците на компании, тоа значи преглед и управување со приватните и бизнис-сметките со само една најава, без префрлање помеѓу различни профили.
Преку новата апликација, плаќањето сметки и префрлувањето пари се извршуваат во неколку секунди, а целата историја на трансакции е достапна и лесна за пребарување.
Исто така, можете да отворите орочени и штедни сметки во денари и евра и целосно да управувате со нив од вашиот мобилен телефон.
Безбедност на највисоко ниво
Апликацијата поддржува најава преку ПИН, отпечаток од прст и Face ID, како и дополнителни безбедносни механизми, вклучително сокривање на салдото и заштита од правење пресликувања на екранот (screenshots), со што се обезбедува максимална заштита на личните податоци.
Без филијала – банкарство без редици и компромиси
Отворањето сметка може да се направи целосно онлајн, без посета на филијала, без документација на шалтер и без чекање. Тоа е овозможено преку интеграција на веб-решението попознато како OneID.
По успешната регистрација, корисникот веднаш може да добие дигитална дебитна картичка во рамките на мобилната апликација, која може веднаш да се користи за онлајн и мобилни плаќања. Нема повеќе потреба од чекање пластична картичка за користење на банкарските услуги.
Дополнително, корисникот може самостојно да управува со картичките, да ги блокира, деблокира и да управува со лимитите директно од апликацијата, во реално време.
Стратегија што води подалеку од апликацијата
-Со лансирањето на новата мобилна апликација не воведуваме само нова технологија, туку нов начин на интеракција со банката. Нашата цел е да изградиме дигитален екосистем што им дава на клиентите автономија, брзина и сигурност – без да ја изгубиме човечката поддршка кога е потребна - изјави Стевче Кузмановски, член на Управниот одбор.
Со овој чекор, ПроКредит Банка јасно сигнализира дека иднината на банкарството во Македонија е дигитална, веднаш достапна и целосно ориентирана кон клиентот.
(Комерцијална објава)