Напуштен автопат прекриен со графити

Напуштен автопат прекриен со графити

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Многумина ќе се согласат дека има нешто магично во напуштените места. Затоа тие се честа цел на фотографите.

Еден пример за ова е напуштениот автопат број 61 во Пенсилванија, САД. Она што го прави овој автопат необичен се графитите со кои изобилува. Автопатот се наоѓа на околу два и пол часа северозападно од градот Филаделфија.


Градот во близина бил евакуиран во средината на 80-тите години по повеќе пожари случајно предизвикани при горење отпад. Случајните минувачи почнале да цртаат графити на напуштениот пат кој водел до градот во почетокот на 21 век.




Градот станал популарен во 2006 година откако бил претставен во филмот „Тивок рид“. Со зголемувањето на неговата популарност се зголемувал и бројот на графити. До 2010 година речиси целиот автопат бил покриен со графити.


Автор: Џудита Кусаитите
Извор: boredpanda.com

Фото: Instagram screenshot