Што се случуваше во 2006, годината во која се родени денешните матуранти?

Што се случуваше во 2006, годината во која се родени денешните матуранти?

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Се чини дека 2006 година и не е баш многу далеку, иако поминаа 18 години. Што се случуваше во светот и во нашата земја во 2006 година? Во продолжение извлековме неколку поважни настани токму од оваа година.

На 1 јануари во Македонија почна примената на Законот за заштита од пушењето.

На 4 јануари Русија привремено ја прекина испораката на природен гас за Украина за време на спорот околу цената.

На 10 јануари беа отворени Зимските олимписки игри во Торино.

1
Фото: Wikipedia

На 15 јануари мисијата „Стардаст“ на НАСА успешно заврши. Ова е првата мисија што донесе прашина од комета.

На 19 јануари НАСА успешно ја лансира првата меѓупланетарна вселенска сонда до Плутон, „Нови хоризонти“.

На 8 февруари групата „Ју-ту“ беше апсолутниот победник на доделувањето на наградите „Греми“.

На 18 февруари „Ролинг стоунс“ одржа бесплатен концерт со 1,3 милиони луѓе во Рио де Жанеиро, Бразил.

На 5 март, на 78. доделување на наградите „Оскар“, филмот „Фатална несреќа“ освои „Оскар“ за најдобар филм и покрај предвидувањата дека „Планината Брокбек“ ќе биде апсолутниот победник.


На 21 март беше лансирана социјалната мрежа „Твитер“.

На 18 мај се одржа „Евровизија“ во Атина, Грција, каде што финскиот бенд „Лорди“ победи со песната „Hard Rock Hallelujah“.



На 3 јуни Црна Гора прогласи независност.

На 9 јуни започна Светското првенство во фудбал.

На 19 јуни 16-годишната Тејлор Свифт го објави нејзиниот прв сингл „Tim McGraw“.


На 5 јули се одржаа парламентарни избори во Република Македонија: победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која освои 44 пратенички мандати, пред коалицијата „За Македонија заедно“ предводена од СДСМ, која освои 35 мандати. Изборите се карактеристични со исклучително нискиот одѕив на гласачите – само 53,6 отсто. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, стана премиер на Република Македонија.

На 12 јули започна Израелско-либанската војна.

На 28 август е формирана новата влада на Република Македонија на чело со Никола Груевски.

vlada
Фото: Wikipedia

На 9 октомври „Гугл“ го купи „Јутјуб“.

На 5 ноември Садам Хусеин е осуден на смрт со бесење.

На 30 декември е обесен Садам Хусеин, поранешен претседател на Ирак.

Извор: Wikipedia
Фото: Wikipedia