Соучениците цело време го задеваат син ми, го нарекуваат бубалица, плачко и го тераат да пцуе, па пред некој ден имаше паничен напад... Како да му помогнам?
Моето дете има речиси 12 години и има проблем со соучениците. Тој е интелигентен, мирен, одличен ученик, се натпреварува по математика и ниту еден наставник не се пожалил. Многу му пречи бучава и кога наставниците викаат на час, тој се враќа дома со главоболка. Во нашето семејство нема кавги, не се пцуе, не се навредуваме, не се понижуваме. Се трудиме нашите деца да растат во нормално, хармонично семејство.
Дознав дека го нарекуваат „бубалица“, го потпишуваат „педер“ во игрите, го предизвикуваат на игри како борење, пукање и слично само за да го задеваат. Тој игра тенис, а не фудбал, не сака борби и туркање и затоа во тој дел не е силен и снаодлив. Лесно се натажува и му доаѓаат солзи, па затоа уште повеќе станува мета на задевање. За возврат тој знае да избувне физички. Не го повредува другото дете, на пример, фрлил гума за бришење настрана, а не директно кон детето што го нарекувало „плачко“. За да биде дел од друштвото, морал да пцуе. Пред некој ден доби паничен напад и по 2 часа разговор дознав дека на часовите е опкружен со деца што го задеваат, а наставничката не сака да го премести. Едно од децата му се заканувало дека ќе се пресмета физички со него, а друго му ставало палто врз главата за време на одморите. Ве молам за помош како да реагирам.
Одговорот од психологот прочитајте го на
Деца.мк