Се вработуваат дентални техничари за меѓународна компанија
HeadHunting.mk за потребите на свој клиент, интернационална дентална ординација, објавува оглас за вработување на дентални техничари:
Должности и одговорности:
• Познавање на дигитално скенирање и дизајнирање со фокус на протетички работи
• Познавање и работа со глодалици, подготовка на модели и техники пред дигиталната фаза на скенирања,
• Работа со принтери за пластикa,
• Педантност, организираност и посветеност на работната позиција
• Тимски дух и желба за унапредување
Основни Квалификации:
• Дентален техничар / CAD CAM Конструктор, минимум средна стручна спрема и по можност со положен стручен испит (опционално).
• Пожелно минимум 3 години искуство со протетички работи и основно познавање на CAD/CAM
Што нудиме:
• Работна во високо организирана странска компанија со можност за комбинирана работа во Хрватска и Македонија и натпросечни примања.
• Регуларно работно време со исплата на сите дополнителни одработени часови.
Минимална загарантирана плата за исполнување на горенаведените квалификации - 1.100еу + бонуси
Заинтересираните кандидати да ги испратат своите CV-а на cv@headhunting.mk најдоцна до 5.5.2023 год.