„Метаморфоза“ - македонскиот хип-хоп доживува преобразба

„Метаморфоза“ - македонскиот хип-хоп доживува преобразба

Неодамна беше објавена песната „Метаморфоза“, која е соработка на Martix ft. Druggy. Песната ќе биде дел од новиот албум на Druggy – Druggy гледачи.

Martix e хип-хоп артист од Кочани кој досега има објавено еден соло албум насловен „neverAmore“, eдно EP во соработка со Lux Kmala насловено „Буден сонувам“ и две EP изданија како дел од хип-хоп групата Стих Наумов.

Druggy e добро познат на македонската рап и трап сцена како дел од TRAP DA FUCK UP, како дел од Anomalia Nativa, продуцент на својот прв албум Druggy слушатели и многу соработки со македонски и странски артисти како Bun B.

Метаморфоза е песна која е енергична и во себе содржи и некаков „industrial“ призвук. Текстот е остар и прецизен и одлично се вклопува с оенергичната позадина која го следи. Можеме да сретнеме и неколку референци како Ацо Караманов, Грегор Самса (Метаморфоза), но и уште многу други зборовни игри.