За него не постои проблем - гениј oд Босна реши математичка задача стара 58 години

За него не постои проблем - гениј oд Босна реши математичка задача стара 58 години

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Младиот Вук Јановиќ од Требиње дошол до едно од двете можни решенија на математичка задача поставена пред 6 децении.

- Во изминатите 58 години одлични математичари, професори и академици се обидоа да го решат овој проблем, но Вук беше првиот што успеа да најде едно од двете можни решенија, па сум исклучително среќен. На учесниците на Јуниорската олимпијада по математика што се одржуваше во Албанија им поделив лист со оваа задача и тоа го направив пред години, па можете да го замислите моето задоволство кога Вук ме контактираше со решението. Му ја посакувам сета среќа и да продолжи да го развива својот голем талент - рече Стојановиќ на малата свеченост што се одржа во гимназијата „Јован Дучиќ“.

Младиот математичар Вук истакна дека му претставува голема чест што ја запознал легендата на математиката, професорот Стојановиќ, и го посетил неговото училиште во Требиње.

- Задачата ја решавав петнаесетина дена, а како што вели и професорот, покрај математичкото знаење, потребна беше и креативност - рече Вук.

Тој е повеќекратен републички шампион по физика и математика, учесник на Олимпијадата по математика во Јапонија каде што го освои третото место, а за неколку дена се очекува да учествува и на Балканската олимпијада по математика во Варна, Бугарија.



Извор: 6yka.com
Фото: Screenshot/YouTube