Најпопуларните серии во САД за време на пандемијата

Најпопуларните серии во САД за време на пандемијата

Американската онлајн платформа „Кејбл ТВ“ спровела истражување во сите 50 американски сојузни држави за тоа кои серии Американците најмногу ги гледале додека биле во карантин поради коронавирусот. Во истражувањето биле вклучени речиси 7.000 гледачи, а резултатите се интересни.

Истражувањето покажало дека „Пријатели“ е најгледаната серија во САД за време на пандемијата. Серијата за шестмината неразделни пријаатели е популарна во 11 сојузни држави, вклучувајќи ги и седумте најнаселени: Калифорнија, Тексас, Флорида, Њујорк, Северна Каролина, Џорџија и Охајо.

„Рик и Морти“ е на второто место и е најгледана серија во четири американски сојузни држави: Алјаска, Аризона, Колорадо и Невада. Ова анимирано шоу моментално емитува нови епизоди од четвртата сезона.

Други серии кои биле гледани се и „Ѕвездени патеки“, „Чикаго ПД“, „Криминални умови“, „Канцеларија“ и други.

Погледнете ја мапата.

Фото: Variety


Извор: Variety
Насловна фотографија: Pixabay