Хрватската телевизија „Нова“ од Пула ги откупи правата за емитување на „Сказните на Биби“

Хрватската телевизија „Нова“ од Пула ги откупи правата за емитување на „Сказните на Биби“

„Сказните на Биби“, најпопуларниот цртан филм што ги освои најмладите во цела Македонија, наскоро ќе почне да се емитува и во Хрватска.

Хрватската телевизија „Нова“ од Пула ги откупи правата за емитување на 26 епизоди од „Сказните на Биби“. Сказните ќе бидат синхронизирани на истриотски јазик. Ова е прва македонска анимирана серија што ќе се емитува на некоја телевизија надвор од границите на Македонија.

Договорот е потпишан на 5 години преку британскиот дистрибутер „Видеоплагер“, кој ги има правата за дистрибуција на цртаните филмови „Сказните на Биби“.

Интерес за најпопуларниот македонски цртан филм покажуваат и други европски телевизии.