Оглас за вработување во ДЦАФ

Оглас за вработување во ДЦАФ


СПЕЦИФИКАЦИИ ЗА АПЛИКАНТОТ
Знаење, вештини и работно искуство

Општи услови:
1. Да има државјанство на Република Северна Македонија.
2. Активно познавање на македонскиот јазик.
3. Да е полнолетен/а.
4. Да има општа здравствена способност за работното место.
5. Со правосилна судска пресуда да не му/и е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови:
1. Ниво на квалификации VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Правни науки.
2. Најмалку 3 (три) години работно искуство во струката по стекнување на соодветниот степен на образование.
3. Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.
4. Активно познавање на англискиот јазик.
5. Стекнати сертификати од струката (пожелно).

Други посебни услови:
• искуство во правни истражувања;
• аналитички вештини;
• способност да работи со луѓе со различни ставови;
• обврзност кон правичноста и транспарентноста;
• обврзност кон грижата за корисниците на услуги.

При изборот предност ќе имаат кандидатите кои ги исполнуваат и следните посебни услови за вршење на работата:
• завршен VII/2 степен на образование или 300 кредити според Европскиот кредит трансфер систем (правни науки);
• искуство од работа со избрани, именувани или официјални претставници;
• вештини за говорење во јавноста и писмено изразување;
• искуство во пишување извештаи (информативни материјали);
• познавање на службен јазик покрај македонскиот на кој зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Република Македонија;
• познавање на најмалку два јазици на Европската унија.

Работни компетенции:
1. Решавање на проблеми и донесување одлуки за прашања во рамките на делокругот на работа (дефинирање на проблеми, барање информации, консултација со засегнатите страни, анализа на резултати, идентификување на можности за акција).
2. Учење и развој (пристап кон сопствениот развој, развој на другите и отвореност кон нови идеи).
3. Комуникација (способност да се претстави себеси, организацијата /институцијата на позитивен и професионален начин и да комуницира со засегнатите страни на соодветно ниво).
4. Постигнување резултати (ефикасно управување со времето и покажување високо квалитетни резултати во интерес на институцијата).
5. Работа со други / тимска работа (пристапот на вработениот кон потребите, предностите и приоритетите на другите вработени во и надвор од институцијата).
6. Стратешка свест (способност да ги разбере приоритетите на институцијата каде работи, да ја разбере сопствената улога во институцијата и успешно да се справи со промените во институцијата).
7. Ориентација кон странките-засегнатите страни (соработка со засегнатите страни во остварувањето на взаемните права и интереси).
8. Финансиско управување (способност на вработениот за буџетирање и финансиско планирање, како и најоптимално искористување на достапните ресурси).

КАКО ДА СЕ ПРИЈАВИТЕ
Доколку ги исполнувате бараните услови за огласената позиција, поднесете онлајн пријава на линкот https://dcaf-flexperso.ch до 9 јуни 2023 година (23:59 часот), прикачувајќи:
- Мотивациско писмо на една страна на англиски јазик што го опишува вашето релевантно искуство,
- Кратка биографија на англиски јазик (најмногу две страници),
- Документи како доказ за исполнување на општите и посебните услови:
- Државјанство,
- Диплома или уверение за завршено образование,
- Преглед од историјат за работно искуство во струката издадена од Агенцијата за вработување,
- Лекарско уверение издадено од лекар специјалист на трудова медицина,
- Потврда од суд или Централен регистар дека не му/и е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност со правосилна судска пресуда.

Доколку бидете повикани на интервју од Вас ќе се бара да ги приложите доказите за исполнување на општите и посебните услови во оригинал или копија заверена на нотар.

ДЦАФ се залага за еднакви можности и ги охрабрува апликациите од сите квалификувани кандидати без разлика на пол, возраст, попреченост, религиозна или етничка припадност.