Скршеното срце на лав што умира е приказна што многумина од нас не ја забележуваат

Скршеното срце на лав што умира е приказна што многумина од нас не ја забележуваат

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Лавот на фотографијата бил еден од најсилните и најспособните во националниот парк Кругер во Јужна Африка. Фотографиите од неговите последни денови што го заобиколија светот се тажната слика за законот на природата, во која преживуваат само најсилните.

Фотографот Лери Ентони Панел со часови го набљудувал лавот, кој полека умирал, и знаел дека присуствува на нешто посебно - реална слика за животот и смртта.

Овој предатор веќе бил стар и во моментот кога фотографот го здогледал, бегал од слонот кој го бркал. Давал отпор колку што можел.

Кога успеал да му помогне, се видело дека е слаб и гладен.


Фото: Caters

- Животот може да биде многу суров и во текот на кариерата видов многу луѓе како губат сѐ во земјотресите и пожарите. Фотографирав автомобилски несреќи во кои имаше луѓе со многу сериозни повреди. Мислам дека ниту една фотографија, ниту некој нејзин дел, не допре до мене како што допре смртта на овој лав. Седев на неколку метри од него, го фиксирав, се гледавме еден со друг и еден час гледав како го напушта животот. Сакав да знае дека не умира сам. Не сакам да звучам патетично, но се сетив на мојата баба кога беше во болница и јас ја посетив последната вечер пред да умре. Не си кажавме ни збор, и двајцата знаевме дека тоа е крај и само се гледавме в очи. Ова беше првиот момент оттогаш да го почувствувам истото чувство - поврзување со друго суштество на духовно ниво - раскажува Лери.

Најтажниот дел од приказната не е самата смрт на лавот, туку фактот што бил отфрлен и изгубен од глутницата затоа што остарел. Потоа сѐ потешко доаѓал до храна и набрзо ја изгубил силата.

Фотографот останал со лавот до неговиот последен момент.