Фока пее песна од „Војна на ѕвездите“ и „Трепкај, трепкај, ѕвездичке“

Фока пее песна од „Војна на ѕвездите“ и „Трепкај, трепкај, ѕвездичке“

Подготвил: Билјана Арсовска

Лектор: Ивана Кузманоска

Знаеме дека некои животни се добри во имитирање звуци и дури и учат нови трикови, на пример, папагалите или делфините. Но, научниците се изненадиле кога виделе дека фоките можат да „фаќаат“ некои мелодии и да звучат како луѓе.

Неодамнешно истражување направено со фоки што биле згрижени на универзитетот во Сент Ендруз, Шкотска, докажува дека не само што умеат да пеат, туку можат да научат и нови мелодии и звуци.

Научниците предводени од Винсент Џаник се обиделе да ги научат фоките некои нови звуци и мелодии за да видат дали е можно да се направи тоа. Тимот работел со фоките уште откако биле мали.

Аманда Стансбури започнала со снимање на звуците што фоките веќе ги испуштаат, а потоа ги терала фоките да слушаат одредени делови од снимки за да ги научи на одреден звук.

Кога можеле да ги копираат истите звуци, тимот ги терал да слушаат потешки снимки и сакал фоките да фатат повисоки ноти, а за возврат ги наградувал со храна.

- Фоките си мислеа: Ако можам пак да ја направам истата врева, ќе добијам риба - вели Стансбури.

Фоките ги воодушевуваат луѓето со нивните трикови кога пливаат, нуркаат и испуштаат звуци, но не знаевме дека можат да научат и да пеат.

Во ова истражување биле вклучени три фоки, но една е особено талентирана и успеала да ја изведе песната од „Војна на ѕвездите“, па дури и детската песничка „Трепкај, трепкај, ѕвездичке“, а слатката снимка од Зола стана хит на интернет.