Другарче го заплашувало син ми со полиција, го удирало, го терало да бара пари од нас, па сега не сака да излезе од дома... Што да направиме?
Мојот син има 7,5 години и пред некое време почна да излегува надвор со другарчиња, дел од нив учат заедно со него. Деца како деца, имаа задевања, понекое несериозно тепање, манипулирање и така натаму. Последниве денови не сака веќе да излегува и да се дружи. Како причина го кажува едно од другарчињата. Го плашел со полиција, понекогаш го удирал, го терал да бара пари од нас дома, го исфрлал од игра зашто не знаел да игра фудбал… Ние дома му укажуваме дека мора да заземе став, дека мора да научи да се брани, дека не мора да игра со тоа дете ако не му е убаво, дека има и други деца со кои добро се согласувал, но секое зборување како да е залудно. Кога ќе го повикаат надвор, тој одбива да излезе. Мене како родител тоа многу ме загрижува и искрено не знам како да постапам? Пробуваме и со убаво, а искрено некогаш и закани користам само за да излезе, но сѐ е залудно. Ве молам совет како да постапиме.
Одговорот од психологот прочитајте го на
Деца.мк