Како да ги реализираш плановите како млад човек без да ги одложуваш со години?

Како да ги реализираш плановите како млад човек без да ги одложуваш со години?

Кога сме студенти или штотуку влегуваме во светот на работната средина, најчесто веруваме дека најголемите животни промени ќе дојдат сами од себе. А реалноста обично изгледа малку поинаку.

Првиот сопствен лаптоп, патувањето што долго го планираме, уредувањето на собата или на станот во кој се селиме, дополнителната обука што може да ни ја отвори следната кариерна можност – сето тоа се чекори што нè носат напред, но во исто време бараат и финансиска подготовка.

Токму затоа финансиското планирање станува една од најважните вештини што младите ги развиваат во периодот на осамостојување. Наместо големите цели да останат само на списокот со желби, сè повеќе млади бараат начини како побрзо и поорганизирано да ги спроведат своите планови и идеи.

Според финансиските експерти, најважно е секоја поголема одлука да биде донесена одговорно и со јасна претстава за можностите и за обврските што ги носи. Токму затоа, покрај штедењето и градењето финансиски навики, значајно е младите да имаат пристап и до финансиски производи што се приспособени на нивните потреби и животен стил.

Токму затоа, Шпаркасе Банка нуди Потрошувачки кредит за млади – решение наменето за млади луѓе што сакаат побрзо да ги реализираат своите планови, без непотребни компликации.

Кредитот овозможува финансирање различни потреби, од набавка на нов лаптоп, телефон или гејминг опрема, до патувања, дополнителна едукација или уредување на првиот самостоен простор.

Она што го издвојува е можноста за кредит до 2,4 милиони денари, рок на отплата до 95 месеци и фиксна каматна стапка што започнува од 4,9 % во првите две години. Дополнително, кредитот се одобрува без жиранти, а младите корисници имаат можност однапред да изберат периоди во кои ќе плаќаат пониски или повисоки месечни рати, во согласност со своите финансиски планови и можности.

За младите што се на почетокот од својата кариера, ваквата флексибилност може да биде значајна предност, особено во период кога приходите и трошоците често се менуваат.

Секој нов почеток изгледа различно. За некого тоа е првото патување без семејството, за друг нова работна можност, а за трет уредување сопствен стан или куќа. Заедничко за сите нив е дека зад секој чекор напред, стои добра подготовка и паметно планирање.

Бидејќи понекогаш не е прашањето дали имаш план, туку како побрзо да го претвориш во реалност.

Повеќе за Потрошувачкиот кредит за млади на Шпаркасе Банка прочитај тука.

(Комерцијална објава)