Знаете ли колкав данок плаќа англискиот крал? Чарлс Трети е прв монарх кој го открива тоа

Знаете ли колкав данок плаќа англискиот крал? Чарлс Трети е прв монарх кој го открива тоа

Англискиот крал Чарлс Трети откри дека платил повеќе од 30 милиони фунти (35 милиони евра) данок на личен доход од стапувањето на престолот во септември 2022 година – со што стана првиот монарх кој открил колку данок плаќа.

Според изјавата, износот на данокот надминува 30 милиони фунти, вклучувајќи 11,7 милиони фунти за финансиската 2023/2024 година и 12,9 милиони фунти за 2024/2025 година. 

Имотот кој подлежи на овие даноци го вклучува огромното Војводство Ланкастер – кралскиот имот и примарен извор на приватни приходи. Чарлс Трети добил 26,8 милиони фунти (над 31 милион евра) од Војводството во финансиската 2024/2025 година преку закуп на земјоделско земјиште и управување со комерцијални и станбени недвижности.

Освен тоа, монархот прима неоданочив „Соверин грант“ (Sovereign Grant) – владина исплата за финансирање на службените должности – кој за 2025/2026 година изнесувал 132,1 милиони фунти.

Елизабета Втора никогаш не го откри износот

Престолонаследникот, принцот Вилијам платил повеќе од 20 милиони фунти (23 милиони евра) данок од септември 2022 година. Британските монарси не се законски обврзани да плаќаат данок на личен доход, но тоа го прават од 1993 година – практика воведена за време на владеењето на Елизабета Втора поради притисокот од јавноста по скапите поправки на замокот Виндзор. Елизабета, сепак, никогаш не го откри износот на данокот што го платила.

Бакингемската палата истакнува дека објавата е дел од посветеноста на транспарентноста и модернизацијата на кралската улога, на изречно барање на кралот.

Извор: poslovni