Факултет нуди студиска програма за инфлуенсери

Факултет нуди студиска програма за инфлуенсери

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Факултет во Охајо нуди студиска програма со која сака да ги привлече следните ѕвезди на социјалните мрежи.

Факултетот „Овенс“ во Толедо отворил програма за инфлуенсери, која е една од првите од овој вид во светот, според факултетот.

Програмата трае две години и предвидува курсеви за основи на програмирање, бизнис, визуелно раскажување и јавно говорење.

Студентите може да се запишат само на оваа студиска програма и да добијат сертификат или да ја комбинираат со друга во рамките на студиите.



Извор: Insider
Насловна фотографија: Freepik