Миротворецот во моето одделение го буди човекот во сите нас, вели наставникот Иле Михајловски

Миротворецот во моето одделение го буди човекот во сите нас, вели наставникот Иле Михајловски

Солзите како мали бисерчиња се лизгаа по лицето, а од Ангела ниту глас. Сето ова се случуваше пред таблата, јас блиску до неа, но далеку од учениците, далеку од Максим. Додека тивко ѝ зборував дека грешката не е голема и дека таа со моја помош успешно ќе ја реши задачата, Максим успеал да стане од столчето и да дојде до нас. Мене не ми посвети внимание, застана од другата страна на Ангела, го испружи рачето кон нејзиното лице, ја избриша солзата и весело ѝ рече: Плачеш!...

Ова е извадок од расказот на Иле Михајловски, одделенски наставник во „Кирил и Методиј“ во Свети Николе.
Целиот расказ прочитајте го на Деца.мк.