Адвокатското друштво Папазоски и Мишев бара адвокатски приправници

Адвокатското друштво Папазоски и Мишев бара адвокатски приправници

Спојте ја Вашата љубопитност со постојаните можности за учење и напредок, и направете разлика. За потребите на Адвокатското друштво Папазоски и Мишев, објавуваме отворени позиции за:

Адвокатски приправници

Кои сме ние:

-Адвокатското друштво Папазоски и Мишев е основано и регистрирано во Адвокатската Kомора, во согласност со Законот за адвокатура;
-Адвокатското друштво соработува со глобалната професионална мрежа PwC;
-Адвокатското друштво спаѓа во Топ 5 македонски адвокатски друштва и е рангирано како едно од најдобрите адвокатско друштво од страна на меѓународните ранкинг агенции IFLR1000 и Legal500;
-Адвокатското друштво Папазоски и Мишев има силен и стручен тим составен од 11 искусни адвокати специјализирани во посебни области од деловното право, 2 соработници и 2 приправници.

Што нудиме:

-Професионална, динамична и пријатна работна околина во модерниот Хипериум бизнис центар;
-Програма за личен и професионален развој и професионална надградба во областа на деловното право;
-Месечен надомест;
-Можност за вработување;
-Можност за интернационални ангажмани и можности за работа во други канцеларии на PwC.

Што бараме:

-Дипломиран правник или магистер по правни науки со стекнати 300 кредити според Европскиот кредит - трансфер систем (ЕКТС) за стекнување услови за полагање на правосуден испит;
-Без работно искуство;
-Добро познавање на англиски јазик и работа со компјутери.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме аплицирајте најдоцна до 20.10.2023.

* Апликациите испратени по пошта, или на нашата е-mail адреса нема да бидат земени во предвид.