Има 5 години и сака сам да оди во продавница и да шета низ маало, кажува недолични работи и не соработува. Како да постапиме?

Има 5 години и сака сам да оди во продавница и да шета низ маало, кажува недолични работи и не соработува. Како да постапиме?

Јас сум загрижена мајка на едно 5-годишно машко дете. Беше умно, паметно, соработливо дете, но повеќе не е. Пред еден месец добив и второ дете и никако не дозволивме да се почувствува изолиран или да не му се обрнува внимание, напротив, мислам дека тоа го искористи и сѐ му беше дозволено. Оди во градинка, но и таму една недела правел проблеми, не соработувал, си терал по свое, а на улица знае да удри некое дете. Понекогаш знае да остане на спиење кај моите родители , но и нив не ги слуша, сака сам да оди на продавница или сам да шета со другарите од маало. Треба повеќе пати да викнеш за да дојде да го прашаш нешто или сл. На секој збор знае да додаде нешто, кажува недолични работи. Го прашуваме зошто се однесува така, а неговиот одговор е: Јас сум голем. Кажете совет како да постапиме.

Одговорот од психологот можете да го прочитате на Деца.мк