Колку месечни плати се потребни за да се купи најнов „ајфон“?
Подготвил:
Драгана Петрушевска
Лектор:
Ивана Кузманоска
Технолошката компанија „Епл“ неодамна го претстави најновиот модел на „ајфон“ - „ајфон 15“. Познато е дека цените на најновите модели на телефони од оваа компанија се повисоки отколку на повеќето други мобилни уреди, а за потрошувачите од Египет или Пакистан потребни се многу месечни плати за ваков телефон.
Веб-страницата „Ворлд оф статистикс“ објави анализа која покажува колкав процент од месечната плата им треба на жителите на повеќе земји за да купат „ајфон 15 про макс“.
Според објавата, овој „ајфон“ чини 821 отсто повеќе од просечната плата во Египет, а 816 отсто повеќе од просечната плата во Пакистан.
За споредба, жител на Швајцарија би потрошил 20 отсто од платата за да купи најнов „ајфон“, жител на Сингапур 24 отсто, а жител на САД 28 отсто.
Извор:
X
Насловна фотографија: Apple