Колкав период можете да поминете со 1.200 евра во земјите низ светот?

Колкав период можете да поминете со 1.200 евра во земјите низ светот?

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Некои земји се сметаат за поскапи од другите. Но, каде може да се издржи најдолго со одредена сума пари?
Во денешните околности, исклучително е важно да се осигурите дека парите на вашата тековна сметка можат да траат колку што е можно подолго.

Експертите за лични финансии на веб-страницата money.co.uk ги анализираа глобалните цени за живот во развиените земји низ целиот свет за да откријат каде може да се живее најдолго со 1.200 евра. Просечниот приход на земјите е проучуван со цел да се открие каде може да се заработат најбрзо 1.200 евра.

Држави каде што 1.200 евра траат најдолго

За да се пресмета во кои развиени земји 1.200 евра ќе траат најдолго, податоците се земени од индексот на трошоците за живот. Индексот на трошоците за живот се формира со користење голем број фактори за трошоци за живот, како што се намирници, комунални услуги и превоз.

1
Фото: Money.co.uk

1. Во Колумбија 1.200 евра ќе траат 109 дена


Колумбија е држава каде што 1.200 евра ќе ви издржат најдолго, односно 109 дена. Просечните трошоци за живот дневно во Колумбија се околу 11 евра, така што 1.200 евра ќе траат подолго овде отколку на кое било друго место.

2. Во Турција 1.200 евра ќе траат 103 дена

Турција е единствената друга земја покрај Колумбија каде што дневните трошоци за живот се околу 10 евра. Во Турција овој буџет ќе трае просечно 103 дена, и иако е шест дена помалку отколку во Колумбија, речиси е двојно повеќе од глобалниот просек.

3. Во Казахстан 1.200 евра ќе траат 100 дена

Трошоците за живот во Казахстан се околу 12 евра дневно во просек, што значи дека 1.200 евра можат да траат 100 дена во оваа централноазиска земја, што значи нешто под 10 дена отколку во Колумбија, но е за 42 дена повеќе од просекот.

Земји каде што 1.200 евра траат најкратко

3
Фото: Money.co.uk

1. Во Швајцарија 1.200 евра ќе траат 27 дена


На другиот крај од скалата, 1.200 евра ќе траат помалку од еден месец во Швајцарија, бидејќи високите трошоци за живот во просек се 44 евра дневно. За споредба, ова е за 23 евра повеќе од глобалниот просек и над 31 евро повеќе отколку во Колумбија.

2. Во Лихтенштајн 1.200 евра ќе траат 33 дена

Малата алпска држава Лихтенштајн ги има вторите највисоки трошоци за живот и како резултат на тоа, 1.200 евра во просек ќе траат само 32 дена. Лихтенштајн ја дели валутата и има монетарна унија со Швајцарија, иако трошоците се малку пониски во Лихтенштајн.

2. Во Норвешка 1.200 евра ќе траат 33 дена

Во Норвешка 1.200 евра ќе траат исто колку и во Лихтенштајн, 33 дена. За живеење во Норвешка се потребни просечно 34 евра дневно, околу 15 евра повеќе од глобалниот просек.

Земји каде што може најбрзо да се заработат 1.200 евра

4
Фото: Money.co.uk

1. Лихтенштајн, 4 работни дена за да заработите 1.200 евра


Можеби е мала држава, но заработката во Лихтенштајн е убедливо највисока од анализираните земји, со 101.332 евра годишно, што исто така значи дека е земја во која најбрзо се достигнува заработка од 1.200 евра, за што просечно се потребни само четири работни дена.

2. Швајцарија, 5 работни дена за да заработите 1.200 евра

Иако Швајцарија е најскапата земја за живеење, има и еден од највисоките приходи, 76.000 евра. Во просек, можете да заработите 1.200 евра на секои пет работни дена.

2. Норвешка, 5 работни дена за да заработите 1.200 евра

Просечниот годишен приход на Норвешка е малку под границата од 71.000 евра и дневната заработка од 260 евра е за околу 30 евра помала отколку во Швајцарија. Затоа, во просек се потребни пет работни дена за да заработите 1.200 евра.

2. Луксембург, 5 работни дена за да заработите 1.200 евра

Друга земја каде што се потребни пет дена за да се заработат 1.200 евра е Луксембург, што значи дека граѓаните на оваа земја можат да заработат 1.200 евра побрзо отколку луѓето во повеќето земји во светот.

2. Исланд, 5 работни дена за да заработите 1.200 евра


Исланд е уште една земја каде што можете да заработите 1.200 евра за пет дена, а во просек исландските работници заработуваат нешто помалку од 242 евра секој ден.

Земји во кои треба да работите најдолго за да заработите 1.200 евра

5
Фото: Money.co.uk

1. Колумбија, 62 работни дена за да заработите 1.200 евра


Колумбија е во целосна спротивност со Швајцарија бидејќи освен што е нација каде што 1.200 евра ќе издржат најдолго, исто така е место каде што е потребно најдолго за да заработи оваа сума. Дневниот просечен приход е 19 евра, така што ќе бидат потребни 62 дена за да заработите 1.200 евра.

2. Белорусија, 57 работни дена за да заработите 1.200 евра


Слично, во Белорусија е потребно долго време за да се заработат 1.200 евра, во просек 57 работни дена. Дневниот приход во просек е 21 евро, што е екстремно ниско во споредба со глобалниот просек од 103 евра.

3. Србија, 49 работни дена за да заработите 1.200 евра

Србија е земја со трет најнизок просечен приход, па потребни се 49 работни дена за да се заработат 1.200 евра. Ова е нешто помалку од 30 дена подолго од глобалниот просек и 44 дена подолго отколку во Швајцарија.

Извор: Money.co.uk
Фото: Pixabay