Откриена најмладата планета досега, постои само неколку милиони години

Откриена најмладата планета досега, постои само неколку милиони години

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Астрономите ја открија најмладата планета досега. Според нив, таа е неколкупати поголема од Јупитер. Откритието е на меѓународен тим на истражувачи водени од Универзитетот во Хаваи.

Планетата наречена 2МО437б се наоѓа на 450 светлосни години од нас. Таа се формирала пред милиони години, што се чини долго, но е кратко на космолошко ниво, пренесува „Фјучуризм“. Истражувачите може да заклучат каков е составот на планетата со анализа на светлината од оваа планета, објаснува главниот истражувач Ерик Гаидос, професор на Универзитетот во Хаваи.


Планетата се наоѓа во молекуларен облак, што претставува простор кој е многу погоден за раѓање ѕвезди и планети. Планетата е најмлада што досега била забележана, иако е стара неколку милиони години. Таа првпат била регистрирана во 2018 г., а биле потребни три години да се потврди дека станува збор за планета која кружи околу ѕвезда.

Орбитата на планетата е 100 пати поширока отколку растојанието помеѓу Земјата и Сонцето. Истражувачите велат и дека младата планета е жешка како последица од енергијата испуштена при создавањето. Според нив, температурата на планетата е слична на лава што еруптира од вулкан.

Извор: Futurism