За Гзим Дервиши и Бојана Тасева - добитници на „Инженерски прстен“, континуираниот пад на старите занаети... Што пишувавме неделава
Гзим Дервиши, добитник на „Инженерски прстен“: „Инженерот гради иднина со која директно влијае врз квалитетот на животот на луѓето“
„Научникот одговара на прашања кои веќе постојат, со што го проширува човековото знаење, инженерот, пак, ги користи тие знаења за да креира решенија и да гради иднина“, вели Гзим Дервиши од Факултетот за применети науки на Државниот универзитет во Тетово по добивањето на наградата „Инженерски прстен“.
Континуиран пад на старите занаети: „Губиме знаење што не може да се увезе и вредност што не може да се пресмета во пари“
Во Старата скопска чаршија дуќаните на јажарите, самарџиите, грнчарите, ковачите, шапкарите и лимарите зјаат празни, а сведок на времето во кое турските бегови и аги им се поклонувале на врвните мајстори се само некои искривени рамки со црно-бели фотографии на нивните ѕидови.
„Редовното учење и следење на предавањата ми донесе континуиран успех во студирањето“, вели Бојана Тасева од Штипскиот универзитет, добитничка на „Инженерски прстен“
Интересот за информатиката кај неа се појавил уште во средношколските денови кога првпат почнала да експериментира со компјутери и програми. Ја понела љубопитноста да разбере како функционираат работите и чувството дека преку технологијата може да создаде нешто ново, практично и корисно.