Поради популарната серија „Круна“, Камила и Чарлс повторно мета на критики

Поради популарната серија „Круна“, Камила и Чарлс повторно мета на критики

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Последната сезона на хит-серијата „Круна“ повторно предизвика контроверзии поврзани со принцот Чарлс и неговата сопруга Камила, војвотката од Корнвол. Секако, причината е тоа што серијата ги прикажува во негативно светло.

На ова предупредуваа многу познавачи на она што се случува во кралското семејство бидејќи Камила прво беше негативецот бидејќи јавноста беше наклонета кон Дијана, но со текот на годините се ослободи од негативниот имиџ. Сега серијата ја врати на почетокот.

Имено, во четвртата сезона се појавува Дијана Спенсер и серијата го следи нејзиниот пат кон титулата принцезата од Велс.

Публиката исто така научи нешто плус за нејзината комплексна врска со Чарлс, кој, како што е познато, не само што не сакаше да се ожени со неа, туку и беше критички настроен и љубоморен на нејзината глобална популарност.

Како што се очекуваше, обожавателите повторно се насочија против Чарлс и Камила, кои својата долгогодишна врска, која ја почнаа пред бракот со Дијана, ја крунисаа со брак во 2005 година.

- Јасно ми е дека тоа беше многу одамна, но ми пречи тоа што Камила и Чарлс беа во брак и ги изневеруваа своите партнери, а денес се слават како идни крал и кралица - напиша еден од многуте обожаватели на Дијана.

Секако, има и такви што застанаа на страната на Камила затоа што Чарлс бил принуден да се ожени со Дијана.

За потсетување, серијата не е многу популарна меѓу членовите на кралското семејство, ни меѓу оние што се подобро запознаени со настаните во кралското семејство.



Извор: Index.hr
Фото: Screenshot/YouTube