Пентагон отвора канцеларија за НЛО

Пентагон отвора канцеларија за НЛО

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

По нецелосните извештаи на Пентагон од јуни, во кои американската Влада призна дека не може да ги објасни повеќето неидентификувани воздушни средби, американското Министерство за одбрана одлучи да отвори канцеларија за инциденти со НЛО.

Тоа значи формирање Група за идентификување воздушни објекти (AOIMSG), која ќе биде под Одделот за разузнавање и безбедност на Министерството за одбрана.

Групата ќе работи за Министерството за одбрана и целата американска Влада за да открие, идентификува и објасни објекти од интерес во воздушниот простор на САД и да процени дали постојат закани за безбедноста на летовите и националната безбедност, според објавата на документот на американското Министерство за одбрана.

Ник Поуп, поранешен истражувач на НЛО во британското Министерство за oдбрана, рече дека го поздравува потегот, што треба да значи подобра координација меѓу неколку страни.

- Ова дополнително го дестигматизира ова прашање со тоа што ги признава импликациите за националната безбедност -  изјави Поуп.

Во јуни Пентагон објави извештај за Работната група за идентификација на непознати објекти, но не понуди објаснување за 143 од 144 настани од 2004 година.

Извор: Nezavisne.com
Фото: Pixabay