„Нетфликс“ најави серија чии епизоди може да се гледаат по каков било редослед

„Нетфликс“ најави серија чии епизоди може да се гледаат по каков било редослед

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Новата серија на „Нетфликс“ - „Калеидоскоп“ (Kaleidoscope) носи ново искуство во гледањето бидејќи нејзините епизоди може да се гледаат по кој било редослед.

Серијата е за ограбување банка, а на „Нетфликс“ ќе биде достапна од 1 јануари. Таа има нелинеарна структура на епизодите, што значи дека секој може да одбере свој редослед на гледање на епизодите. Серијата наликува на збирка од осум филма кои се поврзани со заедничка приказна.

Серијата ја креирал Ерик Гарсија, а ја развил извршниот продуцент Расел Фајн. Актерската екипа ја сочинуваат Џанкарло Еспозито, Паз Вега, Руфус Сјуел, Џеј Кортни и други.

- Можноста да се движите и да набљудувате по различен редослед ви дава различен поглед на ликовите. Постојат прашања кои ќе бидат поставени во една епизода, а одговорени во друга. Исто така, во епизодата што ја гледате ќе има одговори за кои не знаете дека се одговори на нешто додека не го видите прашањето кога ќе погледнете друга епизода - објаснил Гарсија.


Извор: Klix
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)