14 прекрасни збора за „зима“ од целиот свет

14 прекрасни збора за „зима“ од целиот свет

Подготвил: Маја Пероска

Лектор: Ивана Кузманоска

„Зимата е добра“, напишала Емили Дикинсон, „но, добредојдена кога си оди“. И била во право. Годишното време што ни носи радосни празници, возбудливи борби со снежни топки и убавини од природата, исто така, носи и студ и долги ноќи. Затоа пролетта ни доаѓа како некакво олеснување. Дотогаш, ова се 14 збора што значат „зима“ од целиот свет.

Бибун (анишинаабемовин/оџибве)

Бибун е зборот за „зима“ во анишинаабемовин, јазикот на народите Анишинаабе, или Оџибве, од горниот дел на Среден Запад во САД и Централна Канада.

Винтер (англиски, холандски, германски, дански, норвешки, шведски)

Германците го пишуваат на ист начин како Англичаните, но го изговараат како што го пишуваат Данците, Норвежаните и Швеѓаните: винтер.

Зима (словенски јазици)

Рускиот, чешкиот, бугарскиот, српско-хрватскиот, македонскиот, сите словенски јазици, го делат истиот збор за ова годишно време: зима.

χειμώνας (химонас) (грчки)

Во филмот „Мојата голема дебела грчка свадба“ (2002), таткото на хероината сугерира дека секој збор има грчки корен, вклучувајќи го и јапонскиот збор „кимоно“, за кој вели дека доаѓа од грчкиот збор за зима „химонас“. „Па што носите во зима за да ви биде топло? Наметка. Значи, наметка, кимоно, ете“, вели тој. Етимологијата сигурно не е точна, иако тој помогнал да се прошири зборот за грчкото значење за зима.

Инверно, инвиерно, ивер (италијански и португалски, шпански, француски)

Ако грчкиот јазик не му го подарил „кимоно“ на јапонскиот, тој му го дал на латинскиот збор за зимска бура „хиемс“, кој се развил во зборовите за зима на современиот италијански, шпански, португалски и француски јазик, вклучувајќи „инверно“, „инвиерно“ и „ивер“.


冬 (фују) (јапонски)

Зборот за зима на јапонски е „фују“.

Tél /тел (унгарски)

Звучи слично на финскиот збор за зима, „талви“, што го открива фактот дека унгарскиот и финскиот припаѓаат на истото јазично семејство.

Геимхред (ирски)

Древните ирски Келти традиционално ја делеле годината на само две сезони, летната половина и „геимхред“, зимската половина, која започнувала во пресрет на 1 ноември, позната како „самхаин“.

Киш (турски)

Во некои западни региони на Турција киш (зима) е време за фестивали за борење со камили, верувале или не.

חורף/чореф (хебрејски)

Иако „чореф“ е современиот хебрејски збор за зима, не било секогаш така: „Став“, хебрејскиот збор за есен, со векови се сметал за „зима“ и се преведува на англиски како таков во „Песната над песните“.

Гаеф (велшки)

Како и другите келтски региони, Велс традиционално го славел почетокот на зимата на Ноќта на вештерките, „Нос Калан гаеф“ („пресрет на зимскиот календар“).

겨울 гјоул (корејски)

Во Кореја, „гјоул“ е празнична пригода. Фестивалот привлекува десетици илјади луѓе секоја година, а се нижат обиди за риболов на мраз - со голи раце.

Ванијету (лакота)

За американскиот домороден народ Лакота, „ванијету“ е и сезона и начин за евидентирање на текот на времето.

Укиук (инуктитут)

Според лингвистот Лусиен Шнајдер, веројатно има само околу 12 збора за снег и 10 за мраз во јазикот инуктитут (инуитски јазик во Источна Канада). А има само еден за зима: укиук.

Извор: mentalfloss.com

Фото: Freepik