Французите ги препродаваат подароците веднаш по Божиќ - повеќе од 900.000 огласи годинава
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Веднаш по Божиќ и по отворањето на подароците, во Франција се појавиле околу 900.000 огласи за препродажба на подароци што не им се допаднале на оние што ги добиле, што претставува зголемување во споредба со бројките од минатата година.
- Апликацијата „Ибеј“ веќе бележи 500.000 нови огласи на 25 декември и очекува зголемување на бројот на огласи од 400 отсто во споредба со просекот во деновите по Божиќ - соопшти платформата за препродажба.
Минатата година биле регистрирани 340.000 огласи на 25 декември.
Неговиот конкурент, „Ракутен франс“, забележал приближно 390.000 огласи, што претставува раст од 2 отсто во споредба со истиот период во 2024 година.
„Ракутен“ очекува бројот на огласи во наредните денови да надмине еден милион.
За двете платформи, практиката на препродажба на божиќни подароци веќе е цврсто воспоставена.
Според податоците од нивниот најнов барометар на оваа тема, „Ибеј“ проценува дека околу 20 милиони Французи ќе ги препродадат своите подароци.
Според „Ракутен франс“, препродажбата најчесто е за книги, видеоигри, музика, дивидија, како и високотехнолошки уреди (најчесто паметни телефони) и играчки.
Извор:
021.rs
Фото: Pixabay