Гледајте ја новата божиќна комедија со Роуан Аткинсон на „Нетфликс“

Гледајте ја новата божиќна комедија со Роуан Аткинсон на „Нетфликс“

Подготвил: Маја Пероска

Лектор: Ивана Кузманоска

Само што ќе го видат лицето на Роуан Аткинсон, повеќето луѓе го поврзуваат со Мистер Бин. Иако ова е неговата најважна улога, британскиот актер има богата кариера, особено во филмската индустрија во неговата татковина. Оваа година Аткинсон се појавува и на „Нетфликс“ со серија од четири епизоди.

Актерот го игра Тревор Бингли. Неговиот живот тече нормално сè додека, по сплет на околности, не е приморан да чува бебе за време на Божиќ. За оние што не знаат, оваа серија е продолжение на она што се случи во „Човек наспроти пчела“, во која исто така глуми Аткинсон.

Далеку од типичните романтични комедии што триумфираат во ова време од годината, понудата на „Нетфликс“ ветува дека ќе ги исполни домовите со насмевки, радост и доза спонтаност. Серијата е достапна од 11 декември.


Извор: marca.com

Фото: YouTube screenshot