Еве зошто токму сказните на Биби се прогласени за едни од најдобрите цртани, пишуваат српски медиуми

Еве зошто токму сказните на Биби се прогласени за едни од најдобрите цртани, пишуваат српски медиуми

Секое време си има свои херои и секое дете има свој тип на херои. Некогаш тоа беа Марвеловите фиктивни ликови од акционите серијали или Дизниевите принцези од старите и на сите познати цртани филмови. Денес сè повеќе млади често се свртуваат кон ликови што им се блиски и со кои можат да се идентификуваат, но и од кои можат многу да научат. Токму таков лик, поточно една од хероините на денешницата на поднебјето на Балканот, доаѓа од Македонија, а нејзиното име е Биби - пишува српскиот медиум „Жена“.



Медиумот направил убав пресек на тоа што е „Светот на Биби“ и какво влијание има врз детската публика.
- „Бибин свет“ е многу популарен и светски наградуван цртан филм со едукативен концепт, приспособен на детската возраст чија цел е да ги претстави вистинските вредности, да ги разбие стереотипите на тема живот, другарство, рамноправност на половите и сл. Главниот јунак Биби е весело и мудро девојче, секогаш подготвено да им помогне на другите во неволја. Во секоја епизода таа доживува различни искуства и секакви ситуации. На тој пат никогаш не е сама затоа што друштво ѝ прави најдобриот другар Боби. За разлика од главната хероина, Боби е непослушен и тврдоглав, често запаѓа во неволји. Во досегашните епизоди Биби и Боби запознале многу карактери што се појавуваат во нивните авантури – џинови, змејови, Дедо Мраз, лоша вештерка и ги учат и нив, а и публиката, како треба да се одржува хигиената во домот, зошто е важно да се води сметка за телото и здравјето, за правилната и здрава исхрана, но и како да се биде скромен и благодарен, а и да им се помага на пријателите во неволја - стои во текстот.

„Светот на Биби“ е повеќепати наградуван проект од многубројни светски и европски стручњаци за краткометражни анимирани филмови, а е избран и во најдобрите 20 европски проекти за деца за 2019 година. Продуцентите на проектот, заедно со тим експерти во своите сфери на дејствување, направија проект кој и најзначајните продуцентски куќи на светот сакаат да го имаат во своите програми и портфолија.