До колку смеат да остануваат децата во градинка?
Работното време за земање на дете од градинка варира од група во група, од градинка во градинка. Едни ги земаат до 15.30, други до 16 часот. Има и такви кои ги чуваат до 17 или 18. Родители велат дека вработени сами го одредуваат времето, додека директорите на градинките тврдат дека сите термини се дефинирани со договор на родителите.