Во пустината во ОАЕ ќе се гради најголемата скулптура во светот

Во пустината во ОАЕ ќе се гради најголемата скулптура во светот

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Најголемата скулптура во светот ќе биде изградена во Обединетите Арапски Емирати. Наречена е „Мастаба“ и ќе биде сместена на околу 160 километри од Абу Даби, во пустината Лива.

Таа ќе биде направена од 410.000 буриња во повеќе бои и ќе биде висока 150 метри, а широка 300 метри.

Првиот концепт за скулптурата бил направен од уметниците Кристо Владимиров Јаванчеф и Жан-Клод Дена де Гијебон, познати како Кристо и Жан-Клод, во 1979 година во чест на традиционалната исламска архитектура.


Потребни се дополнителни одобрувања од властите за да започне изградбата на скулптурата, а треба да биде готова за околу 3 години.

Извор: Luxury Launches 
Фото: Christo and Jeanne-Claude