Вака некој се обидел да закрпи дупната гума на автомобил

Вака некој се обидел да закрпи дупната гума на автомобил

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Можеби мислите дека сте виделе сè, но доколку го посетите каналот „Џаст ролд ин“ на „Јутјуб“, ќе се уверите во спротивното. Во ново видео објавено на каналот има компилација од неверојатни и помалку смешни грешки кои возачите ги направиле со своите автомобили.

Може да се види автомобил на кој не му било сменето маслото 45.000 километри, како и повеќе поправки од типот „направи сам“.

Највпечатливиот пример е од клиент кој стигнал до сервисот со дупната гума која се обидел сам да ја закрпи. За тој зафат, тој се послужил со леплива лента и шрафови. Не чуди тоа што поправката не била успешна.


Извор: Autonet
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)