Исхраната на Тито ја составиле врвни експерти во тоа време: Вака изгледало неговото дневно мени
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Исхраната на Тито е опишана во интересна книга која ни помага да дознаеме како изгледале неговите дневни менија.
Гастрономските сеќавања од кујната се објавени во книгата со наслов „Менија на познатите луѓе - Како јадеше Јосип Броз Тито“, а претседателот на СФРЈ важел за голем гурман.
Сепак, бидејќи понекогаш знаел и да се прејаде, за него била подготвена посебна нутритивна програма зад која стоеле врвни лекари и готвачи.
Бранко Трбовиќ го поминал својот работен век како нутриционист на патувањата со претседателот на Југославија низ земјата и странство. Повеќе од 30 години бил шеф на кујната во Белиот двор, на бродот „Галеб“, во „Синиот воз“, во странски резиденции и куќи за одмор. Своите гастрономски сеќавања од кујната на Тито подоцна ги собрал во книгата „Менија на познатите луѓе - Како јадеше Јосип Броз-Тито“.
Оваа колекција не е само избор на познати светски кујни на едно место, туку и „гурманска“ слика на одредена политика и одреден начин на живот, во која јасно и духовито се прикажани карактерите и особините на поединечни познати личности.
Пример за дневното мени на Тито
Диетата ја составил и надгледувал проф. д-р Беровиќ, а ја спроведувале Стипе Радовановиќ и Божо Вујиќ. Јадењата ги подготвувала главната готвачка Герица Иво, а ги послужувал Владе Ќириќ.
Појадок
Црно кафе (140 мл)
Шлаг (20 г), бел леб (20 г), путер (5 г)
Во 11 часот: пилешки желудници во супа (100 г), бел леб (20 г)
Вкупно: 115 калории
Ручек
Телешки гради (120 г), масло (5 мл)
Рестован компир (50 г)
Вргањи во оцет (20 г)
Зелена салата (30 г), црвена зелка (30 г), масло (5 мл)
Црн леб (20 г)
Десерт: Кнедли со сливи - сливи (20 г), компир (20 г), брашно (5 г), шеќер (5 г), ¼ јајце
Вкупно: 589 калории
Во 16 часот: јогурт (114 калории)
Вечера (во Добановци)
Говедска супа (150 мл), поширано јајце
Раженчиња - пилешко бело месо (50 г), сафалада (40 г)
Помфрит (20 г), масло (5 мл)
Салата: кисела зелка (50 г), кисела пиперка (50 г), масло (5 мл)
Десерт: јаболка (100 г)
Вкупно: 392 калории
Во 21 часот: сафалада (150 г)
Вкупен дневен внес
Вкупно калории: 1605
Белковини: 101,3 г
Масти: 85,9 г
Јаглехидрати: 145 г