Тања Митковска победи на изборот за најдобро украсена студентска соба и си го подигна ваучерот
Тања Митковска од Велес победи на изборот за најдобро украсена студентска соба, кој Факултети.мк го организира петта година по ред.
Тања студира на Факултетот за безбедност - Скопје и е четврта година. Денеска таа дојде да си го подигне ваучерот од 5.000 денари и ни раскажа дека повеќето украси за собата во студентскиот дом „Гоце Делчев“ веќе ги имала.
- Многу ми е важен празничниот дух, но за украсувањето на потрошив многу пари бидејќи повеќето украси си ги донесов од дома – вели Тања.
Во продолжение погледнете ја најдобро украсената соба: