Ова се најдобрите апликации што функционираат и без интернет

Ова се најдобрите апликации што функционираат и без интернет

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Навикнати сме на постојана поврзаност, но сепак има места каде што нема интернет: во подруми, оддалечени области, лифтови, тунели и преполни спортски стадиони. И, се разбира, и дома можете да го изгубите интернетот од причини што не се под ваша контрола.

Но, исклучувањето не значи дека вашиот паметен телефон не може да функционира без интернет. Денес постојат многу апликации што доаѓаат со вградена офлајн-поддршка, така што ќе можете да продолжите да работите, гледате, слушате и да планирате додека не се врати интернетот. Ова се неколку апликации што работат и офлајн.

Најдобра офлајн-апликација за мапи: „Гугл мапс“


„Епл мапс“ нуди одредена офлајн-функционалност, но таа е ограничена. „Гугл мапс“ работи и на „Андроид“ и „Ајос“ и има повеќе понуди ако треба да пребарувате места и да се движите по маршрути без интернет.

1
Фото: Freepik

Од внатрешноста на платформата, кликнете ја вашата профилна слика (горе десно), а потоа „Оffline maps“ за да изберете ограничени делови од картата и да ги зачувате на вашиот уред. Апликацијата може автоматски да предложи области што ги вклучуваат вашите локации за дом и работа, но исто така може да одите на „Select your own map“ за да изберете.

Како што би очекувале, „Гугл мапс“ не може да ви дава ажурирања во сообраќајот во живо, но ќе ве движи од А до Б и ќе ви даде информации за местата во оваа област што сте ги имале преземено.

Имајте на ум дека овие мапи носат многу информации и може да заземат голем дел од вашиот телефон.

Најдобра офлајн-апликација за музика: „Тајдал“

Речиси секоја апликација за пренос на музика поддржува преземање офлајн. Но, „Тајдал“ (Tidal) може да работи и офлајн.

Можете да го поставите квалитетот на аудиозаписите што ги зачувувате на вашиот уред со избирање „My collection“ во „Тајдал“.

Најдобра офлајн-апликација за видеостриминг: „Нетфликс“

3
Фото: Freepik

Ова е прилично очигледен избор за офлајн-пренос на видео, но платформата нуди нова опција што ја прави особено соодветно за оваа листа. „Нетфликс“ нуди автоматско преземање на епизодите што ви се допаѓаат. Можноста е достапна за андроид-корисниците.

Најдобра офлајн-апликација за продуктивност: „Гугл докс“

За компанија толку фокусирана на онлајн-апликациите и облак, „Гугл“ направи доста добра работа додавајќи офлајн-поддршка на своите производи за продуктивност. Ова ја вклучува и апликацијата „Гугл докс“, која има совршено интегриран режим офлајн, што може да биде пригоден при прекинување на интернетот.

За да синхронизирате документ, можете или да допрете на трите точки на списокот со датотеки и да изберете „Download“ или „Make available“, или да допрете на трите точки, а потоа да го овозможите „Available offline“.

Најдобра офлајн-апликација за белешки: „Еверноут“

Апликацијата „Еверноут“ (Evernote) е најдобриот избор за вашите белешки офлајн, иако треба да сте претплатник на „Премиум“ (8 долари месечно) за да ја користите оваа функционалност. Тоа носи низа други поволности, вклучувајќи и поддршка за неограничен број уреди.

Најдобра апликација за офлајн-мејл: „Џимејл“

2
Фото: Freepik

Апликацијата навистина е лидер кога станува збор за офлајн-поддршка. „Џимејл“ е достапен и за „Андроид“ и за „Ајос“. Кога ја користите оваа платформа, најновиот мејл автоматски се синхронизира со вашиот мобилен уред и можете да изберете претходно кога сакате вашиот телефон да ги зачува пораките.

Најдобра апликација за офлајн-учење: „Кивикс“


Инсталирајте „Кивикс“ (Kiwix) на вашиот телефон и ќе ја имате целата „Википедија“ со вас. Секако, нема да се ажурира додека сте онлајн, но ќе можете да ги користите сите функции за пребарување и навигација.

Извор: Popsci.com
Фото: