Истражувачите користат вештачка интелигенција за да најдат врска помеѓу природата и среќата

Истражувачите користат вештачка интелигенција за да најдат врска помеѓу природата и среќата

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Истражувачи искористиле вештачка интелигенција како дел од анализата на фотографии објавени онлајн што препознаваат врска помеѓу среќата, задоволството во животот и природата. Истражувачите од Универзитетот во Австралија и Универзитетот во Сингапур велат дека анализата ја демонстрира хипотезата за биофилија - дека луѓето природно се привлечени од природата.

Анализата на повеќе од 31.000 фотографии откри дека луѓето во земји каде што задоволството од животот е на високо ниво, како Костарика и Финска, прават поголем број фотографии од забавни активности, како свадби или рекреација. Исто така, природата се појавува на многу фотографии од одмор и меден месец.

- Откривме дека постои позитивна врска помеѓу високите поени на задоволство од животот меѓу нациите и процентот на фотографии во природата. Овие резултати укажуваат на важноста на природата во обезбедувањето позитивни социјални контексти, веројатно убавите спомени.

И покрај тоа што милиони луѓе низ светот практикуваат социјално дистанцирање за да го намалат ширењето на Ковид-19, во зависност од тоа каде живеете, можете да прошетате или да трчате или да поминувате време во природа, додека се придржувате кон препораките на владата. Токму ова го препорачува д-р Ентони Фаучи за намалување на стресот, дури и во пандемија.

На оние што им е наредено да не ги напуштат домовите, може да го отворат прозорецот или да гледаат филм за природата.

Трудови од повеќе научни полиња откриваат дека природата може да им помогне на луѓето да се релаксираат и да се фокусираат, да го подобрат задоволството во животот, им помага во психолошкото закрепнување, ја подобрува нивната когнитивна способност, го намалува стресот и ризикот од депресија.

priroda
Фото: Pixabay

Трудот беше објавен на почетокот на овој месец во списанието „Сајентифик рипортс“. Истражувачите ги споделиле резултатите од анализата на фотографиите што корисниците на „Фликр“ ги презеле од 185 земји низ светот помеѓу 2008 и 2018 година.

Авторите на трудот веруваат дека вештачката интелигенција треба да се користи почесто за да се сфатат многу работи за луѓето.

- Спојувањето на социјалните медиуми со вештачката интелигенција за автоматизирани пристапи во препознавањето на сликата отвора уникатни можности да се спроведат големи истражувања за да се унапреди нашето разбирање во односот помеѓу човекот и природата - се вели во извештајот.

- Загубата на природата може да значи повеќе од губење мерливи економски и еколошки придобивки; може да значи и губење на нашите најубави спомени - се вели во извештајот.

Трудот се обидува да ѝ даде вредност на важноста на природата за луѓето. И покрај тоа што е постигнат значителен напредок во економското и еколошкото вреднување на придобивките од екосистемите, малку внимание е посветено на културните и социјалните вредности.

- Овие резултати може да укажат на тоа дека природата придонесува за задоволството во животот преку забавни спомени или преку тенденцијата луѓето да поминуваат време во природен амбиент - се вели во истражувањето.

Извор: Venture Beat