Оваа нова црна комедија веќе се споменува како сериозен кандидат за „Оскар“ во 2027 година

Оваа нова црна комедија веќе се споменува како сериозен кандидат за „Оскар“ во 2027 година

Подготвил: Маја Пероска

Лектор: Ивана Кузманоска

Претстојниот филм „Див коњ девет“ веќе предизвикува огромен интерес кај филмофилите, иако ќе има премиера дури на крајот од годината. Една од главните причини за ова е неговиот автор - режисерот и сценарист Мартин Мекдона. Овој режисер, добитник на „Оскар“, изгради репутација како еден од најоригиналните и најпочитувани автори на современото кино, познат по својот црн хумор, силни дијалози и сложени ликови.

По успехот на филмовите „Три билборди надвор од Ебинг, Мисури“ и „Баншиите од Инишерин“, очекувањата се исклучително високи, а публиката со нетрпение го очекува неговото ново дело. Покрај тоа, филмот има импресивна и интригантна екипа. 

За што се работи?

Приказната се фокусира на агентите на ЦИА, Крис и Ли, чии улоги ги толкуваат Џон Малкович и Сем Роквел. Приказната се одвива непосредно пред чилеанскиот државен удар во 1973 година, кога агентите се испратени од Сантијаго на Велигденскиот Остров, каде што меѓу познатите камени статуи се одвива напната приказна полна со тајни, минато и политички интриги. Нивниот претпоставен, кој го игра Стив Бушеми, дополнително ја комплицира ситуацијата, додека односот меѓу главните ликови е ставен на тест.

Филм за кој ќе се зборува

„Див коњ девет“ ќе се прикажува во кината на 6 ноември, а веќе е еден од најзборуваните филмови. Со оглед на тоа што последните два филма на Мекдона беа номинирани за „Оскар“, многумина предвидуваат дека овој би можел да биде сериозен кандидат за претстојната сезона на награди. 

Сè укажува на фактот дека чекаме уште еден впечатлив филм што ќе ја одбележи годината.

Извор: journal.hr

Фото: Instagram screenshot