Интересни психолошки факти кои можат да ви го променат начинот на гледање на светот

Интересни психолошки факти кои можат да ви го променат начинот на гледање на светот

Подготвил: Б.Б.

Еве неколку интересни психолошки факти кои треба да ги знаете. Тие можат да го променат начинот на кој го гледате и поимате светот околу и во вас самите:

* На луѓето им требаат дури 66 денови да формираат и усвојат нова навика.

* Кога не можете да се сетите на некои факти, најдобро е да ги затворите очите. Полесно ќе ви оди.

* Мозокот и желудникот се тесно поврзани и затоа некои емоции, особено стресот, влијаат врз желудникот.

* Ако ги запишувате соновите можат да ви станат многу појасни.

* Зборување со смирен и тивок тон во текот на кавга, ќе ви помогне да надвладеете  над соговорникот.

* Можноста да размислувате за начинот на кој мислите е знак на виша интелигенција.

* Секој човек има три карактеристики: онаа што ја покажува, онаа што ја поседува и онаа за која смета дека ја поседува.

* Мечтателите имаат повеќе соништа и поголема е веројатноста дека ќе се сеќаваат на нив.

* Најважниот извор на среќа за децата се семејството и блиските пријатели.


Фото: Freepik

* Споредувајќи ги сетилата, сетилото за мирис е најмногу поврзано со сеќавањата.

* Најефикасниот начин нешто да се запомни е да се направи 10-минутна пауза на секои 30-50 минути учење.

* Благодарните луѓе најчесто се среќни луѓе.

* Познавањето на два јазици може да ја одложи појавата на Алцхајмеровата болест.

* Луѓето имаат тенденција за создавање на блиски емоционални врски со лица со кои пеат заедно.

* Вљубените се однесуваат слично како луѓето кои страдаат од ментални заболувања.

* Недостигот на сон го зголемува ризикот за појава на депресија.

* Луѓето имаат тенденција побрзо да носат одлуки кога мораат да одат во тоалет.

* Пет нејчести ноќни кошмари се паѓањето, прогонувањето, чувството на заробеност, доцнењето и смрт на блиска личност.